Димовски: Македонија доби бинационална влада

За прв пат после децении, Република Македонија доби Влада во која членуваат само министри Македонци и Албанци…Прв пат во македонската Влада, нема НИТУ ЕДЕН министер Турчин, Ром, Србин, Влав или Бошњак…, пишува поранешниот пратеник Илија Димовски на Фејсбук.



Тој потсетува на последниот попис на населението од 2002 според кој околу 10 проценти од граѓаните на Република Македонија се припадници на помалите етнички заедници…

„Овие етнички малцински заедници секогаш и секаде биле горди и лојални граѓани на Република Македонија…Покрај многуте политички слабости и ризици по државата, јас одбрав да ја потенцирам оваа критична точка, затоа што има најголем ризик по политичката иднина на државата Република Македонија…Жалам што овој елемент на суштинска слабост на Владата, или намерна поставеност, не доби на поголемо внимание минатите денови, пишува Димовски.