Тие што во овој момент од опозиција размислуваат да станат дел од власта се соочуваат со опасност да станат слуги на мафијата на власт, смета екс пратеникот Илија Димовски кој анализира и што ќе се случува во односите со Бугарија.

“Ако во Бугарија до 14 декември воопшто има кој да донесе одлука;
и ако решението помеѓу двете држави е во рамките предвидени со Резолуцијата за државните позиции, донесена од Собранието на Република Македонија (за која гласаа сите партии без исклучок),
тогаш “ветената европска иднина” нема ниту некој посебно да ја загрози, ниту некој посебно ќе ја обезбеди…
Поделбата на про-европски, помалку-европски и анти-европски е смислена и помага само на мафијата на власт…
Ако некој пратеник или партија им се приклучи сега на оваа мафија на власт тој, односно тие, секогаш сакале да бидат како нив…
Влегле за да бидат прислужници на мафијата…”, пишува Димовски во својата анализа.





