Димовски: Има различни владиици но сите го претставуваат народот

МПЦ – ОА е еден од темелите на кои опстојува Македонија и самобитноста на македонскиот народ. Може некој владика да не го сакате, или друг. Нема исти, нема еднакви. Има различни и тие го претставуваат народот, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.



Тој додава дека ако се критикува еден владика, треба да се прави тоа и за друг, но ако се ќути за еден треба да се ќути и за друг.

– Но не фрлајте навреди по МПЦ – ОА и по нејзините великодостојници. Може не се такви какви што сакаме, ама тие се наши. Не би сакал да помислам како би ни било со туѓи, пишува Димовски на Фејсбук.