Поранешниот претеник Илија Димовски реагира на вчерашната информација дека претседателот Стево Пендаровски одбил понуда за членство на Македонија во ЕЕЗ.
„Стево Пендаровски одлучил дека нам ни требало политичка интеграција (во ЕУ), не само економска, како да мора тие две да зависат една од друга, пишува Димовски на ФБ
Ако е ова точно (просто не можам да се начудам и да поверувам во најголемата глупост што можела да се направи) државниот врв под итно да се произнесе и да го информира Собранието на Република Македонија и целата јавност.
„За сите граѓани да бидат подобро информирани добро е да пишеме што е тоа ЕЕЗ или на англиски The European Economic Area (EEA)?
Организација во која членуваат сите членки на ЕУ, плус Норвешка, Исланд и Лихтенштајн, а останува и Обединетото Кралство;
Важат истите правила за внатрешен пазар како и во ЕУ;
Слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал исто како да сме членка на ЕУ;
Би биле еднакви со сите права за вработување низ Европа како и да сме член на ЕУ;
Бизнисмените би ги имале истите права и заштита како да сме членка на ЕУ;
Студентите би имале право да студираат низ Европа, исто како да сме членка на ЕУ;
Стартапите ќе можат да ги користат истите програми, како да сме членка во ЕУ;
Научниците и уметниците ќе можат да користат илјадници програми низ државите на ЕУ, исто како да сме членки во ЕУ;
Слободна трговија со сите земји членки на ЕЕЗ;
Слобода да се живее и работи низ ЕУ и ЕЕЗ, исто како да сме членка на ЕУ;
Ќе се усогласи голем дел од правото на ЕУ (во делот на слободен проток на луѓе, стоки, услуги и капитал)“.







