„Иавме дојава за бомба и во претседателската резиденција, која е навистина обезбедувана“;



Дојавувачите стануваат веќе и дрски, зашто не можеме да ги откриеме;

Тие едноставно сакаат ширење на тие гласини, а тие гласини веќе длабоко продираат во нашата свест“, вели професор Злате Димовски, од Факултетот за безбедност во интервју за Радио слободна Европа.

За минатонеделниот рекорд – лажни дојави за бомби во 120 училишта во еден ден и пет месеци континуирани закани за бомби Димовски вели дека тоа е навистина голем проблем.

„За жал, ние се уште го немаме изнајдено соодветниот модалитет и затоа се уште имаме дојави. Затоа што не сме го нашле модалитетот, интензитетот на дојавите за бомби расте. Тие се охрабрени дека не можеме да ги откриеме, не можеме да ги попречиме крајно, што и да ги откриеме, нам ни е да можеме нормално да си живееме, да ги немаме тие дојави за бомби и едноставно што не можеме да ги откриеме, тие продолжуваат со несмален интензитет“.

Околу искуствата со дојави за во Србија и Црна Гора, односно дека дојавите за бомби не претставуваат безбедносен ризик и да не се информира јавноста за тоа, Домовски вели:

„Овој принцип е добар, меѓутоа навистина би било надвор од разумот да го правиме тоа, кога на очиглед имаме дека тоа се случува пред нас. Се случува кај популацијата која најмногу нè засега, кај нашите деца и во одредени јавни институции, и да јавиме и да не јавиме, најголемиот дел од граѓаните повторно ќе дознаат.

Целта на оние што го прават ова е фактички добивање на повеќе гласност, таа фама да се шири, и едноставно да го постигнат тој ефект на страв“, вели професорот.