Поранешен пратеник Илија Димовски бара ВМРО-ДПМНЕ да не предложи свој кандидат за потпретседател на Собранието.
„Доколку сме сериозна партија која има намера да опстои на своите принципиелни критики, ВМРО-ДПМНЕ во знак на прифаќање на критиката на јавноста за непотребно големиот број на потпретседатели, сама треба да се откаже од тоа место кое и следува и, дополнително, да ги повика сите партии кои си направиле пазар за овие функции да го сторат истото’“, пишува Димовски на Фејсбук.







