Претседателот на собраниската Комисија за избори и именувања смета дека нема причина седницата за разрешување на специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева да се одвива зад затворени врати во случај кога предност треба да му се даде на јавниот интерес.
Извештајот од Советот за јавни обвинители, досега го разгледаа само Илија Димовски и спикерот Талат Џафери, а во него има доволно елементи, според Димовски, постапката за разрешување да биде почната и завршена.
Илија Димовски најави дека ќе побара од претседателот на Советот на јавни обвинители, извештајот да биде декласифициран, а за тоа дали седницата да биде јавна или затворена, треба да одлучи Комисијата со двотретинско мнозинство, а не Советот на јавни обвинители.
Седницат за разрешување на Јанева која е третоосомничена во аферата „Рекет“ ќе се одржи в четврток, дознава Плусинфо.





