По прилогот на А1.Он со наслов „Скопска фризерница добила над 270.000 евра европски пари за едукација“, кој предизвика лавини од реакции на социјалните мрежи и беше пренесен од други медиуми, Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова, најави – тужби.



https://www.facebook.com/lidija.dimova.9/posts/3340424616044399

Ова доаѓа ден по повикот на премиерот Зоран Заев институциите да го проверат работењето на директорката на Националната агенција и по изјавата на државниот обвинител Јовевски дека се следат сите информации

Во Соопштението објавено на нејзиниот Фејсбук профил, Димова вели дека во текстот се презентирани еднострани и непроверени факти, без запазување на стандардите на професионално новинарство и објективно информирање на граѓаните и наведува некои од нив:

„Националната агенција не финансираше фризерница (иако и тоа е дозволено и се правело во минатото), туку го финансираше претријатието „Вредност на европско знаење“, чијшто скратен назив е В.Е.З. Трејд. Исто така не е точен наводот дека Вредност за европско знаење, односно В.Е.З. Трејд не постои во Централниот регистар на РСМ.

Седиштето на оваа фирма е токму на адресата која ја посочува новинарот, каде по некоја случајност во овој момент се обавува фризерска дејност, бидејќи лицето кое го користи тој локал ја обавуваа таа дејност“ пишува Димова.

На крајот од соопштението потпишано од Димова, но и од управителот на ВЕЗ Трејд Зоран Златовски се вели: „За жал немаме друг избор освен тоа да ги докажеме невистините и клеветите пред надлежен суд.