Директорката на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност, Лидија Димова вели дека планирала да излезе со целосно објаснување за тоа како се делелеле европски пари, а не дека тоа го прави по прозивките од премиерот Зоран Заев.



Во разговор за Канал 5 таа рече дека утре ќе одржи прес.

Утрово, Димова објави соопштение и најави тужба против медиумот кој отвори прашање дали една скопска фризерница преку Еразмус плус програмата преку неколку грантови добила 270 илјади евра.

Националната агенција не финансираше фризерница (иако и тоа е дозволено и се правело во минатото), туку го финансираше претпријатието „Вредност на европско знаење“, чијшто скратен назив е В.Е.З. Трејд. 

Но во Централниот регистер не постои фирма со тоа име и дејност Вредност на европско знаење, туку дека на фирма со тоа име основна дејност и се фризерски услуги…