Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ извадени од контекст (ВИДЕО)

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, вели дека зборовите Македонците се нација со комплекс во негово обраќање од собраниска говорница биле извадени од контекст.



Во емисијата 360 степени на Алсат М министерот објаснува:

„Таа реченица почнува кога завршува претходната каде велам ваш колега пратеник дебатирајќи во 2010 година рекол дека со проектот “Скопје 2014” ние за прв пат градиме македонски идентитет…  Во светот каде што прв пат се гради македонски идентитет во 2010 година копајќи 2000 години наназад тоа е проекција на комплекс на инфереиорност.Не сме ние сигурни и не сме доволно горди со тоа што сме, туку ни требаат подлабоки корења и така натака“ , објасни Димитров.

Димитров: Срам ми е да ве слушам!