Првиот човек на бугарскиот тим од Мешовитата историска комисија, Ангел Димитров, оценува дека законските измени кои ги доведоа под знак прашање имињата на бугарските клубови „Ванчо Михајлов“ и „Цар Борис Трети“, ќе влијаат врз работата на Комисијата.

„Политичарите во Скопје не вратија наназад во билатералните односи не 20 години туку и повеќе. Забележуваме циклично повторување во односот кон Бугарија во различни фази од се уште краткиот живот како независна држава на денешна РС Македонија.
Забраните за клубовите ќе влијаат врз работата на Комисијата бидејќи директно се укажува дека единствено легитимно од гледна точка на Скопје е нивната интерпретација на минатото“ вели Димитров за Бугарското национално радио.







