Министерот за надворешни работи Никола Димитров е убеден дека поддржувачите на Преспански договор се на „вистинската страна од историјата“, а противниците за неколку години ќе си го сменат мислењето!



„Чувствувам дека дефинитивно сум на вистинската страна од историјата за ова прашање и мислам дека по неколку години дури и тие што сега гневно протестираат ќе речат: ‘Изгледа дека тие беа во право’“, изјави тој за новинската агенција Франс прес.

Истовремено Димитров предупреди дека ако Европска унија не ги исполни ветувањата за отворање преговори за членство на Македонија ќе се загуби довербата кон целиот претпристапен процес.

Признавајќи дека Македонија треба да спроведе сериозни реформи пред да стане членка на ЕУ, шефот на македонската дипломатија порача: „Сакаме да почне патешествието“.