Во денешното гостување на Бугарската национална телевизија (БНТ), шефот на бугарскиот тим во Мешовитата историска комисија Ангел Димитров рече дека луѓето во Македонија, „кои тврдат дека имаат длабоки историски корени, мислат само за по 1944 година.



Учебниците во Македонија можат веднаш да се променат, но…

Немаат сознанија за тоа што се случувало ни во првата половина на минатиот век, кога населението таму беше прогласено за српско, и кога имаше терористички режим, кога имаше големо насилство и постојани репресии.

Тоа изгледа воопшто не ги интересира, ги знаат само пропагандите и манипулациите по 1944 година. За жал, оваа пропаганда е антибугарска“, рече тој.

Димитров ги спомена податоците од анкетата на Фондацијата „Конрад Аденауер“,според која за 44 отсто од граѓаните Бугарија е непријател, а за 37,4 отсто Србија е најголем сојузник.

Над 65 отсто се поддржувачи на идејата за отворен Балкан, идеја што ја лансираше Србија за ре-обнова на Југославија…“ вели професорот Димитров.