Поранешниот министер за надворешни работи, Никола Димитров, за предлогот уставни измени според хрватскиот модел даден од ВМРО-ДПМНЕ, вели дека доколку тука се примени ќе создаде проблем.



„Хрватската преамбула вели дека хрватската држава е национална држава на хрватскиот народ и на малцинствата, но ниедно од овие малцинства не ги негира Хрватите како народ. Ние тука имаме проблем“, рече Димитров гостување на ТВ24.

Според него, „…деликатно е и задира во нашите меѓуетнички односи дома и видовме ви реакции имаше од неколку албански партии“.

Екс-министерот за надворешни вели дека поклучни за нас од уставните измени на патот кон ЕУ ќе бидат однесувањето на власта и корупцијата. Тој предупреди дека системот останал ист, дека имаме заробеност на сите институции од партиските машинерии и дека мора да се намали „партискиот колач“ и да се замени со „граѓански колач“.