Четиристрана средба на министрите за надворешни работи на Албанија, Бугарија, Македонија и Грција почнува вечерва во Солун, а на дневен ред ќе се најдат прашањата околу интеграција на Балканот во ЕУ прашањето за бегалците од Блискиот Исток…
Нема информации дали шефот на македонската дипломатија, Никола Димитров ќе има билатерална средба со грчкиот колега Никос Коѕијас или со колегите од Бугарија и Албанија, Екатерина Захариева и Дитмир Бушати.
Пред една недела, во Виена, Димитров и Коѕијас се сретнаа во рамките на разговорите околу името, на која присуствуваше и медијаторот Метју Нимиц.
Ставот на Грција останува речиси непроменет: Во гостувањето на Скај ТВ во вторникот, Коѕијас рече дека преговорите одат добро но дека прашање е дали другата страна ќе прифати ерга омнес – име и за внатрешна употреба и тоа да го потврди со промена на уставот.
На 11 мај во Сунио место во близина на Атина ќе се одржи средба министрите за надворешни од земјите на таканаречената Вишеградска група со колеги од Балканот, а на 17 Мај во Софија ќе се одржи Самитот ЕУ – Западен Балкан на која ќе има можност за средба на премиерите Зоран Заев и Алексис Ципрас.




