Нема шанси Македонците и Бугарите да бидат блиски доколку нема меѓусебно почитување, изјавил за БТВ, шефот на македонската дипломатија Никола Димитров, кој денеска е во посета на Бугарија и ќе има средба со неговата бугарска колешка Екатерина Захариева.
Според Димитров, Бугарија и Македонија имаат многу заеднички историски моменти и личности. Ова беше добар предуслов за близината меѓу двете нации, а не за конфликти, пренесува бугарски News.bg.
За промена на името на земјата, Димитров објаснил дека поради долготрајниот спор со Грција, земјата беше затворена во чекалната на НАТО и ЕУ. Затоа, бил најден начин да се надмине тоа, но во исто време Македонците да не го изгубат својот идентитет како Македонци.
Околу престојните претседателски избори Димитров за БТВ рекол дека е горд што неговото име се споменува меѓу учесниците во трката.





