По најавата на министерот за економија Крешник Бектеши дека од следниот месец ќе се прогласи кризна состојба се со цел ЕСМ со 100-те милиони евра од ЕБОР да набавува мазут и јаглен реагира професорот по енергетика Константин Димитров на надежта од владата дека земјите нема да забранат извоз на струја, а дома ќе проработеле сите капацитети, за да нема рестрикции на струја.
Димитров обвинува дека не се прават долгорочни договори за купување струја поради, како што вели, профит.
„Владата ништо не презема, ама им одговара на некои трговци со електрична енергија колку е повисока цената на електричната енергија толку е зголемен нивниот профит процентуално. Зошто да купува нешто што е 200 евра ако може да го купи 500 евра и само 10 посто ќе му биде маржата, 10 посто на 200, или 10 посто на 500 видете која е разликата на трговецот. А се оформија некои на татини дечиња фирми за трговија со електрична енергија ќе има тука пари, ќе течат.“- вели Димитров пренесува ТВ24.
„Јаглен ќе сме купеле, од каде рекоа? Албанија и Косово – ЌЕ! Кога ќе го транспортираат – прашање? Од каде и како? Јас мислам тие патиштата се моментално се во фаза на реконструкција, надградба, тешко.
Требало да се почне навреме. Ние во Македонија имаме редовно, еве и денеска и вчера едно 25 до 30 проценти увезуваме електрична енергија. Од каде ќе купиме електрична енергија при недостаток зимоска. Тоа с еправи договор на година-две, па да си сигурен дека ќе ти испорачаат.“ – вели универзитетскиот професор и експерт по енергетика, Константин Димитров.
„Јас како граѓанин не се чуствувам безбеден, загрижен сум дека и покрај верувањата на Владата, нема да е се мазно. Доколку нема од кај да се купи, ако има блокади на границите епа можни се рестрикции. Ако не сме купиле досега, не сме направиле долгорочни договори за купување, ќе имаме проблеми“ вели Димитров за Канал 5.







