Во синоќешното гостување во „Топ тема“ на ТВ Телма, министерот за надворешни работи Никола Димитров рече дека не е историчар за да каже дали Гоце Делчев бил Бугарин.
„Јас не сум историчар, а тука станува збор за еден од нашите најголеми херои, длабоко втелемен во нашата државност, кој дејствувал и кога не сме имале своја држава“, рече Димитров според кој идентитетско-културните прашања треба да бидат предмет на историчари и антрополози, кои ќе ги имаат предвид двете перспективи.
Тој одговараше на прашања околу Договорот со Бугарија и работата на Мешовитата македонско-бугарска експертска комисија, која успеа да најде заеднички јазик за праисторијата, антиката, па и за средниот век, но се уште не и за ликот и делото на Гоце Делчев.
„Тука, кај Гоце, процесот не оди така мазно, има проблеми на имплементација на еден важен и тежок Договор. Решението е да не влеземе во конфликт, туку да најдеме начин ние да ги разбереме нив и тие да не разберат нас“.





