„Изминатиот викенд најдов една архива и читав оригинални писма од Гоце Делчев што ги испраќал до Никола Малешевски и другите соборци. Тој бил неверојатен визионер и уште во тоа време во „Гоцевиот устав“ барал борба со т.н. Тиранија, а не со Османлиите. Неговото визионерство може да ни служи како мост со Бугарија“, изјави Никола Димитров, кој денеска отпатува за бугарската престолнина каде очекува да најде решение во духот на добрососедството на темата за Гоце Делчев.
Во синоќешната емисија „Само вистина“ тој рече дека се подготвувал за средбата читајќи оригинални писма од револуционерот.
„Во времето на нашиот херој Гоце Делчев ние не сме имале држава и тој учествувал во еден огромен темел на нашата државност, во создавањето на политичката нација, што е многу блиску до создавањето на етничката идентификација“, рече Димитров.





