“Скандалозна невистина која не е ниту пријателска, ниту европска” оцени вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров во реакцијата на последната изјава на бугарската министерка Екатерина Захариева, во која вели дека македонската надворешна политика била под 50 отсто усогласена со онаа на ЕУ кон Русија.



Димитров во реакцијата објавена на Фејсбук вели дека според последниот извештај на Европската Комисија објавен во октомври лани, а кој се однесува на 2019 година Македонија е со 92 отсто усогласеност.

“ Очигледно е потребна поголема внимателност, особено кога се работи за лесно достапни податоци. Вака впечатокот е разочарувачки – дека идејата била паушално да се оцрни соседот, што не би било ниту пријателски, ниту европски“ порача Димитров.