Како може владата да размислува да затвори странска инвестиција која работи на пазарна основа и која се покажала како општествено одговорна во период на енергетска криза, прашува професорот Константин Димитров по изјавата на вицепремиерот Фатмир Битиќи дека ќе се затвора когенереативната централа ТЕ-ТО, бидејќи ббила – руска инвестиција.



„Неверојатно е што вицепремиерот дал една ваква изјава, дури и да е шега. Когенеративната централа ТЕ-ТО е странска инвестиција која работи на пазарен принцип и нуди струја по пониска цена од берзанската во услови кога за тоа има можност“, вели Димитров за Плусинфо.

„Смешно е што размислуваме и со затворање на оваа централа да спроведеме санкции кон Русија, кога во самата Европска Унија и покрај санкциите работат руски фирми, а државите увезуваат руски гас и нафта по легални и илегални канали.

Дури и САД увезуваат нуклеарно гориво и други потребни метали кои им се потребни. И сите тие држави ги штитат државните интереси и економиите. Секојдневно стасуваат такви информации. Каде сме ние во тој однос? И уште поневеројатно е тоа за што се залага вицепремиерот – вели професорот..

„Ќе затвора странска инвестиција за да овозможи работа на друга странска инвестиција на компанија која секојдневно купува руски гас и која работи со Русија.

А колку е штетна новата инвестиција за која се даваат неверојатни привилегии, веќе водиме дебата во јавноста“,  вели Димитров.