Откако во неколку наврати на Твитер неговите објави беа дочекани со огромни критики со ретки изливи на поддршка претежно од странци и луѓе на кои им е шеф, министерот Никола Димитров почна да објавува ставови само на Фејсбук.



На Твитер кабинетот на Димитров не може да ги брише или да ги блокира негативните пораки додека на Фејсбук има повеќе можности да го контролира гневот на граѓаните.

За разлика од Твитер на објавата на Димитров за Викиликс на Фејсбук нема ниту еден негативен коментар што е речиси неверојатно освен ако некој ги брише дел од коментарите или дозволува коментар само од “проверени” луѓе.

Иако објавата е со статус “јавна” (public) односно може да ја види целата јавност дури и тие што не се негови пријатели, сепак на неа нема можност за коментари од сите граѓани, што според правилата што важат на социјалните мрежи е пример за слаб демократски капацитет на Димитров кој спречува јавни критики.

Друга нелогична работа што се случи со случајот “Заштитен извор” со Димитров на Викиликс е непрофесионалното однесување на провладините медиуми.

Сите тие ја игнорираа првичната објава на организацијата Викиликс на Џулијан Асанж за “заштитениот извор” на Твитер а веднаш побрзаа во ударни места да ја објават реакцијата на Димитров што е класично повторување на медиумските политики што ги користеше ВМРО-ДПМНЕ во предходната влада.