Димитров се нуди да биде дел од преговарачкиот тим со Софија

„ Мојата грижа за македонскиот идентитет е прашање што е многу поважно од мојата политичка кариера. Апсолутно ќе бидам дел од какви било претстојни разговори. Бев предводник на изборна листа во Скопје и бев избран. Тоа им го должам на граѓаните“, вели вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров,м пренесе Плусинфо.



Тој додава дека ние треба да ја кажеме својата страна од приказната, и дека не е С Македонија таа која го внесе ова прашање во ЕУ, туку дека Бугарија го направи тоа во 21 век да каже во ЕУ дека нашиот јазик не постои туку дека е дијалект.

„Мојата одговорност е посилна од какви било консидерации за ова прашање. Ние ќе бидеме тим (со Заев), некогаш имаме разлика во тактиката, меѓутоа како потпретседател на Владата, кој учествувал на избори, таа одговорност ми дава за право дека јас ќе бидам  асполутно дел од сите суштински разговори за ова прашање и дел од решението. Ако видам дека работата оди во лош правец ќе бидам тој што ќе го спречи тоа. Така гледам на мојата позиција, инаку би се свел на декор, тоа е невозможна ситуација. За ова прашање и за уште неколку кои мислам дека се многу важни за граѓаните, мојот глас ќе биде слушнат и внатре и надвор“, вели Димитров.

Екс-министерот за надворешни, Никола Димитров, е потписник на „Преспанскиот договор“ со Грција.