Димитров призна личен и национален пораз, утре чекаме катастрофални вести

Вицепремиерот за евроинтеграции Никола Димитров кој го потпиша Пресанскиот договор и го финишираше Договорот со Бугарија призна дека попусто Македонија прифати се што бараа соседите.



Тој не зборуваше за личната одговорност но јасно е дека по сите компромиси и лично како министер и како држава утре Македонија ќе доживее национална катастрофа.

“Имаме негативен став од Бугарија и утре на Советот за општи работи на ЕУ неме да биде усвоена преговарачката рамка за Република Македонија” , изјави вицеремиерот за европски прашања Никола Димитров во вечерашното гостување во „Топ тема“ на Телма.

“Најверојатно ќе стане збор за проширувањето но со оглед на сите изјави, посебно викендов имаше мноштва изјави од Софија по ова прашање, а имајќи ги предвид и процедурите во ЕУ, утре нема да се носат одлуки. Нема да биде усвоена преговарачката рамка”, рече Димитров.

Според последните информации што доаѓаат од ЕУ, германското претседателство нема да ја стави на усвојување преговарачката рамка доколку претходно не се обезбеди консензус, а во овој момент, вели Димитров, јасно е дека имаме негативен став на нашиот источен сосед.

Вицепремиерот за европски прашања нагласи дека Владата на Македонија останува посветена и да бара решение, бидејќи влогот е огромен и за нас, и за ЕУ, а и за Бугарија, но посочи дека нема да се разговара за прашања за кои не може да се разговара како што се јазикот или идентитетот.