Димитров „преживеа“ со 59 гласа против негова интерпелација

Министерот за надворешни работи Никола Димитров останува на функцијата, откако на денешната собраниска седница не помина барањето на ВМРО-ДПМНЕ да му се изгласа недоверба.



Од 79 пратеници што учествуваа во гласањето за интерпелација на шефот на дипломатијата, 59 беа против, а 20 за.

Пратениците од опозицијата го обвинуваа Димитров за Преспански договор.