„Во договорот за добрососедство не е ништо исполнето, така што претпоставувам дека Скопје ќе направи напори за да покаже дека има желба за да постигне некаков напредок во другите свери како инфраструктурата… изјави за БНТ ден по посетата на Заев на Софија, копретседавачот на заедничката македонско-бугарск комисија за историски и образовни програми, Ангел Димитров.
„По сите области во договорот, застојот е неверојатен – вели тој и додава дека – односот кон бугарската историја и она што РСМ го смета за своја историја е најболната точка во односите, зашто тоа ги формира менталитетот и културата кои се одразуваат во сите обалсти на животот“.
Тој се прашува како и дали може да се смени работата во комисијата:
„Вчера сигурно станало збор но таа дали била едвај тема во центар на вниманието., од проста причина што таму нема напредок и нема што и како да се смени“, изјавил Димитров.







