Поранешниот министер за надворешни работи и вицепремиер за европски интеграции Никола Димитров со порака до Бугарија преку интервју за емисијата „10 минути“ на ТВ 21.
„Официјална Софија мора да разбере дека македонскиот народ е навреден! Ние сме навредени. Можеме да ги усвоиме уставните амандмани, ама да го условиме нивното влегување во сила со прифаќањето од страна на Бугарија на правото на македонскиот народ на самоопределување, вклучувајќи го тука и македонскиот јазик. Можеби ним не им е гајле за македонско-бугарските односи. Меѓутоа, ако им е гајле, да седнеме и да им објасниме дека ова не е патот, дека ова само нè оддалечува“, изјави потписникот на Преспанскиот договор со Грција, со кој Македонија беше преименувана во „Северна“.






