Министерот за надворешни работи на Македонија, Никола Димитров денеска предупреди дека „ако не добиеме датум до октомври, тоа ќе биде точка на нашата ЕУ перспектива“ .
На заедничката прес конференција со актуелниот претседавач со ОБСЕ и словачки МНР, Мирослав Лајчак во Скопје, Димиров рече:
„Успехот на Северна Македонија ќе биде важен сигнал за целиот регион, дека европската врата е отворена, доколку такво нешто не се случи, тогаш тоа ќе биде точка на таа перспектива и мислам дека товарот во следните неколку месеци е на земјите членки“, пренесе Радио слободна Европа.





