Димитров: Некогаш ќе се гордееме, далеку сме од целта

Според министерот за надворешни работи Никола Димитров еден ден Македонците ќе се гордееле на вчерашните настани во собранието во кои е сменет уставот.



Тој индиректно признава дека и покрај сите направени компромиси Македонија е далеку од целта и не вели дека треба сега да сме горди туку некогаш во иднината.

“Далеку сме од тоа каде сакаме да бидеме. Ама го знаеме патот. Секој чекор е и ќе биде голем предизвик. За сите нас. Но Македонија реши да застане на нозе, да исправи глава и да тргне напред. На крајот, ЌЕ НЕ’ БИДЕ! И кога ќе погледнеме назад, ќе се гордееме”, вели потписникот на Преспанскиот договор и човек чиј татко пред повеќе од две децении упатил клетва во која се вели “Раката да му се исуши на тој што ќе потпише промена на името”.

Коментарите што ги добива на социјалните мрежи за овој негов став ни оддалеку не се во иста насока со ставот на министерот и поради ниското ниво на комуникација нема да бидат пренесени овде.