Димитров: Наместо врз Скопје притисок се врши врз Бугарија и врз мене

Нормалниот фокус во разговорите со Скопје се поместува и наместо врз Македонија, која треба да биде заинтересирана за активна позиција за решавање за спорот, притисок се врши врз Софија, вели Ангел Димитров, претседател на бугарскиот тим од Мешовитата бугарско-македонска комисија во интервју за БНТ.



На прашањето дали Бугарија дозволува таков притисок, проф. Димитров вели: „Апсолутно да. Има притисок и од внатре“.

„Имаше притисок врз мене, од внатре, не од надвор! Никој не дозволи директен притисок врз нашата комисија, но веќе три дена сум под притисок од една многу сериозна институција во Бугарија со обвинување дека речиси ги изневерувам националните интереси на државата“, рече Димитров и каша дека притисокму е вршен од Државната агенција за национална сигурност (ДАНС).

„Бевме обвинети за предавство на интересите на државата. Никој не знае како сме ги изневериле, но има такво обвинување“, додаде проф.Димитров.

Според него, голем проблем е што тоа е активирано сега, пред неколку дена.

Проф. Димитров ги повика оние кои играат со притисок против него да прават позначајни работи.