Димитров на Алсат М: Треба да ја завршам мисијата

Шефот на македонската дипломатија Никола Димитров синоќа во студиото на телевизија Алсат М рече дека нема намера да даде оставка бидејќи, како што рече, неговата мисија се уште не е завршена“.



Запрашан зошто отсуствуваше во јавноста три дена по дебалкот во Брисел кога Македонија не доби датум за почнување преговори со ЕУ, министерот за надворешни рече дека бил „ни на небо ни на земја’, но дека сега е цврст во ставот дека треба да ја заврпши работата.

„Треба да ја завршам мисијата. Да се дигне раце има логика само ако тоа води кон целта. На Милошоски ли да му ја оставиме надворешната политика да не врати на тесното сокаче?“, рече Димитров синоќа во емисијата „200“ на Алсат“. 

Димитров, потврди дека денеска ќе учествува на собраниската Комисија за надворешна политика за да даде отчет, односно извештај по недобивањето на датум за преговори од Брисел, бидејќи како што рече, дека е одговорен политичар.

Денеска се очекува жестока расправа во Комисијата со која раководи поранешниот министер за надворешни работи Антонијо Милошоски.

Вчера, Милошоски и пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, ја напуштија Комисијата за европски прашања за која рекоа дека е владина забава.

Милошоски побара Димитров да се обрати пред Комисијата по недобивањето на датум за отпочнување преговори со ЕУ,штол според опозицискиот пратеник е обврска на министерот најмалку 2 пати во годината да се обрати пред Комисијата з надворешни.