Димитров: Македонските историчари се трудат да не ја прифатат заедничката историја

„Кога не прифаќате постоење на историски факт, тогаш се создава отпор против спроведувањето на самиот Договор за пријателство и добрососедство. Во обидот да не се зборува за заедничка, туку за споделена историја, што е нешто поинакво, тогаш се бега од желбата да направи сериозна критичка анализа на сопственото минато“, вели историчарот и шеф на бугарскиот тим во Мешовитата комисија за историјата Ангел Димитров.



Според него, Заедничката историска комисија има важна задача да надмине некои натрупани (проблеми-н.з.) во минатото, не поради самата наука, туку поради последиците и влијанието што го има. Овие последици се поврзани со омразата кон Бугарија и Бугарите негувана во Македонија, тврди Димитров.

Тој вели дека работата на комисијата е важна, бидејќи за минатото воМакедонија не се зборувало.

„Таа (Комисијата-н.з.) е катализатор за решавање на политичките прашања, политичарите ќе ја донесат одлуката, но не и историчарите… Мора да се сретнеме со нашите колеги, не можеме да очекуваме само Бугарија да направи некои гестови и чекори. Проблемите се во РСМ.

Катарзата мора да се одвива во РСМ, бидејќи се уште немало критичка анализа на сопственото минато“, вели проф. Ангел Димитров за БГНЕС