Димитров, каде ќе ти оди душата, го прашува Цветанова со реплика на „Абецедарот“

Некогашната министерка за култура Ганка Цветанова јавно го прозива шефот на дипломатијата Никола Димитров за бугарското условување на евроинтеграцијата на Македонија со откажувањето од македонскиот јазик и од малцинството во Бугарија.



„Реплика на првиот македонски буквар издаден од грчката влада во 1925г и тоа под притисок на Друштвото на народите со цел да се сочува културната и јазична посебност на македонското малцинство во Егејска Македонија денешна Северна Грција. @NDimitrovMK каде ќе ти оди душата?“, прашува Цветанова на Твитер.