Димитров ја заборави Србија и ги налути Србите

Вицепремиерот за Евроинтеграции Никола Димитров налути дел од српската јавност откако вечерва упати благодарност до неколку земји од ЕУ кои дадоа помош на Македонија во битката со пожарите.



Димитров на нивните јазици им кажа фала на Словенците, Унгарците, Австријците и Бугарите.

Меѓу тие земји што добија благодарност Димитров не ја споменува Србија која прва упати авиони за гаснење пожар а двајца нејзини министри пристигнаа во Скопје да ја анализираат ситуацијата и да ја распоредат помошта.

По твитот на Димитров во кој заборава да и каже фала на Србија реагираат и српски но и македонски и странски граѓани.

Некои коментари не се за објавување.