Министерот за надворешни работи Никола Димитров цел ден трпеливо чекаше неговиот колега од Малта, Кармело Абела, да ја исправи „грешката“ со именувањето на државата во честитката за Денот на независноста, за да ја преземе на својот профил на Твитер.



Абела во 11:42 часот објави твит во кој ѝ честиташе на Република Македонија, за вечерта да го повлече и во новиот пост да го употреби името според Преспански договор, кој го потпиша Димитров.

Кој го (раз)убеди шефот на малтешката дипломатија не е познато, но познато е дека некогашниот преговарач за името на македонската држава го ретвитна Абела дури по 21 часот, иако цел ден го правеше тоа со честитките од своите колеги од други земји.