Ззаменик-претседателот на Владата задолжен за европски прашања Никола Димитров, денска ја прозва Европа да си го одржи зборот, зашто е крајно време е да ги почнеме заслужените преговори за членство и така да бидеме заеднички победници.
Денеска, заедно со шефот на Делегацијата на ЕУ во Македонија, амбасадорот Дејвид Гир, тој нагласи дека ЕУ нема да биде целосна доколку не ги интегрира и земјите од Западен Балкани и на тој начин не го комплетира проектот на обединети европски држави, преенсе Инфо.мк..
На Денот на Европа, рече во обраќањето Димитров, повторно зборуваме за иднината, за мирот, за заедништвото, стабилноста и просперитетот на нашиот континент и треба да се вратиме кон основата, кон она што не обединува и заради кое сакаме заедно да ја градиме нашата заедничка иднина.
Македонија не само што сака да биде дел од ЕУ, туку често пати сме покажале дека знаеме да се однесуваме така и додаде дека она што не обединува се вредностите и стремежот за подобар живот за македонските граѓани кои тоа го заслужуваат, преку итно откочување на европскиот пат. Оваа определба, подвлече, е врзното ткиво што го обединува целото наше општество, од партиска, од политичка, од етничка природа.
Вицепремиерот Димитров потенцира дека во 21 век недозволиво е да работиме на разединување, на актуелизирање на теми за проемна на граници, на идентитетски прашања кои се повеќе наратив на 19 и почетокто на 20 век.







