Министерот за надворешни работи Никола Димитров му даде поддршка на претседателскиот кандидат на СДСМ, Стево Пендаровски, образложувајќи ја на својот профил на Фејсбук.
Откако ги наброи сите постигнувања на власта, изразувајќи „реална надеж“ дека до крајот на годинава Македонија ќе биде полноправна членка на НАТО, а во јуни „ќе имаме реална шанса да го фатиме европскиот воз“, потписникот на Преспански договор дојде до поентата.
„Ни требаат и фер, мирни и демократски претседателски избори и избор на претседател кој ќе биде принципиелен партнер на владата во реализацијата на историската цел. Принципиелен партнер, но и коректив на начинот на водење политика. Мислам дека изборот меѓу кандидатите, посебно меѓу госпоѓата Силјановска и Пендаровски нема да ви биде особено тежок. Со среќа Стево!“, напиша Димитров.





