Има време да се реши прашањето за името до крајот на јуни, изјави министерот за надворешни работи Никола Димитров по Третиот министерски состанок на Грција, Албанија, Бугарија и Македонија вчера во Солун пишуваат грчки медиуми..
Димитров, како што пренесува АНА-МПА рече дека има трка со времето за да се постигне договор на време за состанокот на Европскиот совет и самитот на крајот од јули.

Околу „подготвеноста“ на двете страни, да се реши прашањето за име, Никола Димитров, рече дека „со мала креативност и мобилност од двете страни можеби може да се фати возот за Европа”, пишува „То Вима“.
Димитров, како што пренесуваат медиумите изјави дека не е тајна дека преостанатите прашања се промената на Уставот и за опсегот на употребата на новото име, на што инистира Грција.
„Знам дека очекувањата се големи, средбите се чести, почнавме речиси секоја недела да се среќаваме. Но исто така како што знаете и роковите се многу кратки, а влогот е голем“, рече македонскиот министер.
Следната среба на двајцата министри е закажана за следната ледната недела на 12 мај на меѓународна конференција што ќе се одржи во местото Сунио, во близина на Атина, по што ќе имаат средба и со медијаторот Метју Нимиц.
https://www.facebook.com/MFAMacedonia/videos/10156341707464850/





