Димитров и Османи бегаат од расправа како ѓавол од темјан

Шефот на собраниската Комисиија за надворешна политика Антонио Милошоски обвинува дека влада која бега од Собранието не е ниту демократска, ниту транспарентна.



“Денес бугарскиот дел на мешовитата историска комисија, ден пред новата онлајн средба со македонските историчари (3-4 декември), ќе реферира за сработеното и за позициите пред Комисијата за надворешна политика на бугарското Народно собрание, со цел да го покажат натпартиското единство на сите политички субјекти по однос на наметнатите историски прашања со Македонија.
?Во меѓувреме во Македонија Никола Димитров бега од Собранието како ѓавол од темјан”, вели Милошоски кој прави паралела со Бугарија каде изминативе 3 месеци и министерката за надворешни работи на Бугарија, и нејзиниот колега вицепремиер имале 3 неколкучасовни обраќања, со дискусии, прашања и одговори пред нивните пратеници од сите политички партии.

Со тоа за разлика од нивните македонски колеги покажуваат демократска култура и почит кон народните избраници смета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ.

“Во меѓувреме МНР Бујар Османи бега од македонското Собрание како неспремен гимназијалец од час по математика.
И на сето ова поведение Заев збори за неефикасно Собрание, што е само срамна манипулација за недемократсиот однос на владата кон парламентот. Набројува европски практики, и предлага неуставни online седници (чл.69). А европските стандарди, и во Австрија, и во Бугарија, и во Франција, и Холандија се кратки и јасни: демократскиот капацитет на секоја влада се мери според нејзиното присуство и отчетност пред Собранието, како контролен механизам во демократските држави! Затоа ОСТАВКА!”, пишува Милошоски.