Шефот на македонската дипломатија денеска на Твитер соопшти дека Македонија ќе ги следи европските партнери и го признава претседателот на парламентот на Венецуела за в.д. претседател на таа земја.



„Република Македонија, во согласност со своите европски партнери, го поддржува и го смета претседателот на собранието на Венецуела, Гуаидо, за привремен претседател, во согласност со Уставот, за да ги спроведе претседателските избори слободно, праведно и демократски“, напиша Никола Димитров на Твитер.