Шефовите на дипломатите на Македонија и на Грција на 25 април ќе се сретнат пак во Виена, а на средбата ќе биде присутен и медијаторот Метју Нимиц, тврди грчкиот портал In.gr повикувајќи се на извори од грчкото МНР.
„Интересен е тајмингот на новиот состанок. Само пред уште два часа, Коијас во радио интервју бешепесимист за било каков напредок до лето.
Очигледно е дека Македонија во јуни нема да влезе во НАТО, рекол Коѕијас во денешното интервју, пренесува порталот според кој многу е веројатно средбата да се однесуваат на временската рамка за постигнување решение.
Претходно, по нивната средба во Охрид, беше соопштено дека двајцата министри ќе се сретнат во мај.





