Димитров: Горд сум со она што го направивме

По ратификацијата на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент, министерот за надворешни работи Никола Димитров своето одушевување го сподели на социјалните мрежи а водно им честиташе на грчките парнери.



„Драги Алексис, Јорго и Никос,

 Храброста и надежта го поразија стравот. Иднината е тука. Како што често вели Никос, историјата треба да биде учител, а не затвор. Јас сум толку горд со она што го направивме. Да живее нашето пријателство и пријателството меѓу нашите народи! Да живее визионерскиот патриотизам! – напиша Димитров на „Твитер“.