Потписникот на Преспански договор, министерот за надворешни работи Никола Димитров, го честита Денот на човековите права, предизвикувајќи лавина гневни реакции од Македонци на Твитер.



„Сите човечки суштества се родени слободни и еднакви со достоинство и со права. Тие се надарени со разум и со совест и треба да постапуваат едни кон други во духот на братството“ #Ден на човековите права“, твитна Димитров покрај факсимилот од Универзалната декларација за човековите права на Обединети нации.

Дел од реакциите од македонската твитерска заедница погодни за објавување:

„Да те прашам дали имаш срам, џабе е, опериран си. Но, барем не објавувај вакви глупости. Вие ми го прекршивте правото да бидам Македонец од Македонија и за тоа еден ден ќе одговарате, не знам колку си свесен“;

„Никола, само едно прашање до тебе: Имаш ли срам? Толку!“;

„Што е со човековите прават на Македонците во окупираните македонски делови од Грција и од Бугарија? Што е со човековите права на Македонците во Република Македонија, кои сега се ///?“;

„Ако е така, зошто тогаш го сменивте името и идентитетот кога сите ние сме родени слободни и имаме достоинство и права?“;

„Од која планета си ти Никола Димитров? Што е со човековите права во Егејска Македонија? Што е со твоите родители што ги негираше? Со нашата нација што ја продаде? Разбираш?“;

„Не ако си Македонец. Во тој случај, немаш никакви права. Поради предавници како тебе“;

„Свесни сте дека ми забранувате да се изјавувам како Македонец?“;

„Еден ден, ти бедна душо, ќе научиш на потешкиот начин. Времето е небитно, но кармата е секогаш зад аголот, ти беден лицемеру“;

„Не може да си сериозен. Да не ти ја открил некој лозинката и ја твитнал оваа шега?“.