Здружението на инженери ќе покрене иницијатива да се донесе закон со којшто ќе почне да се гради хидроцентралата „Чебрен“ со македонски сили, најави синоќа Константин Димитров.



Во гостување на ТВ „Сител“ , професор Димитров изјави дека имаме капацитет сами да го изградиме Чебрен и дека ова е проект којшто треба да го обедини општеството.

„Да се донесе закон за изградба на Чебрен, Галиште, Скочивир т.е. да се реши интегрално програмата со сливовите на реките каде Црна река е дел од Вардарска долина.
Да се направи закон којшто не може да се менува без разлика која влада и да дојде. Однапред да се дефинираат средства коишто не се големи“, рече Димитров.

Здружението на инженери во изминатиот период реагираше до надлежните институции во врска со тендерот за изградба на Чебрен.

Инженери му пишаа на Пендаровски: Заштитете го „Чебрен“

Оттаму иразија сомневање дека се направени суштински, правни, економски и стручно-научни недостатоци во постапката при подготовка и реализација на тендерот за доделување концесија за користење вода за производство на струја со изградба на хидроелектраните на Црна Река.

Грците не потпишаа за „Чебрен“