Министрите во владата на Зоран Заев, кој не се дел од новата влада побарале апанажа: Барање доставиле доскорешните вицепремиер за европски прашања Никола Димитров, министерка за образование, Мила Царовска, и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, а барањето за апанажа на ексминистерот за земјоделство, Адријанит Хоџа е веќе одобрено.



Бројката може да биде и поголема со оглед на тоа што се уште тече рокот во кој може да се поднесе вакво барање до собраниската Комисија за избори и именувања, дознава 360 степени. .

Деветмесечна апанажа му е одобрена и на поранешниот заменик-министер за култура од редовите на Беса, Седат Сулејмани, кој исто како и Хоџа поднесе оставка во ноември.

Според Законот за плата и други надоместоци на пратениците и другите избрани и именувани лица, функционерите на кои им престанал мандатот имаат рок од 30 дена да се вратат настарите работни места или да побараат апанажа, која им следува во зависност од тоа колку време биле на функцијата, но не подолго од една година.