Нерешените прашања меѓу Бугарија и Македонија не е само билатерален проблем, туку и европски, изјавил за бугарското национално радио БНР шефот на бугарскиот тим на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, професорот Ангел Димитров.
Димитров, како што пренесува БГНЕС, ги повикал членовите на комисијата од македонска страна правилно и објективно да ја информираат политичката елита во Македонија за работата на Комисијата.
„Само со правилна анализа можеме да стапнеме на солидна основа и да ја вратиме врската на крајна блискост, која во секој случај постои во семејните односи на многу луѓе од двете страни на границата“, вели Димитров.
Тој има разбирање за изјавата на бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана, Красимир Каракачанов, и вели:
„Не смееме да заборавиме дека г-дин Каракачанов, покрај вицепремиер и министер, е лидер и на партијата ВМРО, а во нашата соседна земја постои истоимена партија која не го користи историскиот кредит од името. Така што, негово лично право е да заземе позиција и каква да биде таа“.
За професор Димитров посуштествено е да не се заборави дека „тоа што е нерешен проблем меѓу нас (Бугарија и Македонија – н.з.), тоа веќе не е само билатерален – тој исто така станува европски проблем.
Димитров вели дека иако во ЕУ имало земји кои „сакат панично да седат настрана од ваквите жешки прашања“, но во Унијата не може да нема разбирање … “кога има напад и е оштетена од земја-кандидат“ , оване влијае само на двете земји.






