Вицепремиерот Никола Димитров вели дека треба да се продолжи со разговор за наоѓање решение за спорот со Бугарија и почеток на преговори на земјава во ЕУ, во спротивно, нагласува, и двете земји и ЕУ ќе бидат губитници.
„Или сите ќе бидеме губитници или сите ќе бидеме победници. Се разбира, ние имаме многу што да изгубиме ако повторно нема почеток на преговорите и нема успех“, вели вцепремиеро задолжеа евро-итграции.
„Меѓутоа, мислам дека и Бугарија има многу што да изгуби, бидејќи ја пропуштаме приликата и таа треба да ја вратиме, да имаме вистинско блиско партнерство и соработка. Тоа не оди и не е компатабилно со блокирање на процесот со политиката на вето. Ќе изгуби многу и ЕУ. Ќе биде многу тешко зборовите на ЕУ да бидат третирани со доверба и сериозност, не само кај нас, во целиот регион“ рече Димитров
Тој вели дека нема гаранции оти земјава ќе ги почне преговорите во јуни.
„Нема гаранции, да бидеме реални. Не сакам ни надежта којзнае колку да ја поткревам. Мое е да го кревам влогот и да бидам што е можно поискрен и дома и надвор“, вели Димитров.







