„Дали Европската унија и САД разбираат дека со упатување критики само кон Бугарија (во врска со бугарско-македонскиот спор-н.з.), тие всушност ја рехабилитираат Коминтерната, руските и српските интереси, Сталин и Тито и тоа идеолошко наследство кое е апсурдно далеку од научната прецизност, политичката коректност и европската вредности?
И дека држава која е генетски поврзана со Србија и Русија не може и не сака да им го сврти грбот? …
Ове се вели во анализа на Ангел Димитров, копретседателот на Заедничката експертска комисија за историски и образовни прашања на Бугарија и Македонија, што ја објави БГНЕС.
Инаку – вели Димитров – Москва нема ништо против евроинтеграциите на Белград и Скопје, бидејќи – со оглед на нивното политичко наследство – тие ќе бидат многу потребните „тројански коњи“ во Европската унија.
Во обемниот текст, тој упатува критики на адреса на САД и Европската унија дека не ја притискале Македонија која е кандидат за ЕУ, туку членката Бугарија.
„Патем, дали воопшто е демократски и европски неизбалансираниот критички однос кон земја-членка на ЕУ и НАТО како Бугарија, ако од геополитички причини, „неразбирање“ се игнорираат основните европски принципи како единството и солидарноста?
И дали е точно, во истата смисла, кога политичарите во САД се прават дека не слушнале за активностите и оценките на американските протестантски мисионери во поранешната Отоманска империја, Македонската патриотска организација (Македонски патриотски организации) и нејзиниот весник „Македонска трибуна“ ?
Или не знаат дека и по Втората светска војна, авторитетни американски изданија и институции укажуваат на бугарскиот карактер на мнозинството од населението во Вардарска Македонија?
Дозволено е нашите сојузници и партнери да повикуваат на разумен компромис во политичкиот јаз меѓу Софија и Скопје, но многу поправедно би било јавно да ги упатат своите критики. и на земјата кандидат, доколку ги има.






