Формално, нема ништо ново во бугарската позиција за евроинтеграциите на Македонија, изјави за БНР копретседателот на Мешовитата комисија за историски и образовни прашања со РСМ Ангел Димитров.
Тој вели дека „проблемот со евроинтеграциите на РСМ не е централен“ во бугарската политика и побара Бугарија „да го спушти прашањето за евроинтеграциите на Македонија пониско на агендата… додека не си ги решат проблемите во Скопје“.
Тој додаде дека зад избрзаните постапки на премиерот Кирил Петков со „еуфорично арогантно убедување дека може да се одврзе комплексиот јазол на историски, политички и психолошки проблеми, очигледно стојат некои дејствија кои остануваат јавно непознати… тоа создава тензија меѓу Бугарите.
Според него, „нема апсолутно ништо заедничко меѓу позицијата на Бугарија и интересите на Русија“ и ја опиша тезата како „несериозна и непријатна“.
„РСМ има држава која е генетски поврзана со Србија и Русија. И не може или не сака ни да им го сврти грбот… Затоа, навестувањата за бугарска позиција во корист на Русија или Србија се апсурдни.
Бугарија силно ја поддржа евроатлантската интеграција на ПЦМ, токму за да и помогне да излезе од старата југословенска комунистичка орбита и овие врски со Белград или Москва …
Мора да бидеме внимателни со ваквите евтини политички мантри кои ја дискредитираат нашата земја“, заклучи тој.






