Димитров: Американскиот гас е многу поскап од рускиот, власта само се додворува на САД

Професорот Константин Димитров го искритикува уделот на Македонија во терминалот за снабдување со американскиот течен природен гас во пристаништето Александрополис, пред утрешната инаугурација на која ќе присуствува и премиерот Димитар Ковачевски.



„Тоа што се гради и Македонија ќе учествува како акционер наизглед е добро, ама ние немаме никаква информација колкаво е вистинското упчество, а се споменува само сума на пари. Нема бизнис-план во Собранието, колкави права и цена ќе имаме. При тоа ние не одлучуваме бидејќи доминантното сопствеништво е на Бугарија и Грција. Нема програм, нема проект, вложуваме за некаква очекувана дивиденда кога е апсолутна сиромаштија и се поскапува“, вели Димитров во вестите на ТВ24.

Стручњакот додава дека американскиот ЛНГ ќе биде многу поскап за македонски услови во однос на рускиот природен гас на кој сме навикнати да го плаќаме и дека актуелната власт им се додворува на Американците.

„Економските показатели би биле единствен аргумент, а сомнително е тоа што нема отчет пред Собрание. Ова е додворување на менторите кои не одржуваат на власт за да не сакаат Американците кои испорачуваат сопствена течна нафта“, рече Димитров.

Тој прашува зошто во оваа криза се инвестира во Александрошолис кога „ниту една линија на гас која минува низ Украина не е оштетена во војната“.